1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Елен Гернер

18 мај 2010
https://p.dw.com/p/MDq1
Фотографија: DW

Име: Елен Гернер

Возраст: 54 години

Место на раѓање: Цвикау

Семејна состојба: разведена

Деца: пет, два внука

Професија: книговодителка, рецепционерка, чувар

Образование: матура, стручно училиште

Мојот ден почнува со... појадок заедно со семејството, зашто тоа не‘ зближува.

Според мене, типично германски е... На многумина можеби нема да им се допадне одговорот, но за мене типично германски е намуртено лице и бесчувствителност.

Типично за мене е... оптимизам.

Моја јака страна е... моето семејство.

Слаба страна ми е... не знам англиски.

Во слободното време најмногу сакам... Би сакала да имам помалку слободно време. Инаку, сакам да читам, а собирам и печурки. Во шумата е прекрасно за опуштање.

Мое омилено јадење е... “Ориз а‘ ла Елен“.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? Секако, но состојките ги нема во Германија.

Каква музика слушам? Бит, тоа е музиката на мојата младост.

Би сакала да имам повеќе време... за работа. Но, за жал, никој не го сака тоа.

Кога мислам на иднината, тогаш... се надевам дека сепак ќе најдам работа.

Моето животно мото е ... Затвори ги очите и напред!

Автор: Анастасиа Буцко

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска