1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Андреас Шершел

18 мај 2010
https://p.dw.com/p/MAvR
Фотографија: DW

Име: Андреас Шершел

Возраст: 44 години

Родно место: Бенсберг / Бергиш-Гладбах

Брачна состојба: разведен; во новата врска неженет

Деца: три - една 18-годишна ќерка од првиот брак и два сина од сегашната врска на возраст од 3,5 години и три месеци

Занимање: Инженер-контролор и вештак за проценка на возила

Образование / обука: Матура, двe високи стручни школи: дипломиран машински инженер и дипломиран економист, специјалност - осигурување

Денот го започнувам со... туширање, пиење кафе.

Типично германски, спрое мене е... вообичаен дневен редослед, стрес, стресно возење во град, бирократија.

Типично за мене... Пријателски расположен, сакам да им помогнам на сите на кои им е потребна помош; човек од доверба, прецизен во работата, опуштен (секогаш кажувам шеги)

Мојата најдобра особина е... што сум човек од доверба.

Мојата најголема слабост е... нетрпение

Во слободното време најмногу сакам да... бидам со семејството и спорт

Кое е моето омилено јадење? Карпачо со тартуф (вид печурка)

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? Не знам да готвам. Мојата девојка е врвна готвачка.

Која музика ја слушам? Хаус


Би сакал да имам повеќе време за... моето семејство.


Кога мислам на иднината... се радувам на тоа што доаѓа.

Моето животно мото е... Барај многу од себе самиот и очекувај малку од другите. Така ќе бидеш поштеден од нервози.

Автор: Ане ле Туз-Шмиц

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска