По 13 години радост за Германците во гимнастика
20 октомври 2006Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен претрпе пораз од Палермо со 2:1. Баер Леверкузен на гости во Бриж ремизираше 1:1. Фудбалерите на Ајнтрахт иако први дојдоа до водство на крајот мораа домашниот терен да го напуштат со наведната глава:
“Да, подобриот тим кој имаше повеќе шанси и покажа подобра игра на крајот загуби. Заслуживме да победиме бидејќи ги имавме најдобрите гол шанси“ изјави по натпреварот тренерот на Франкфурт Фридхелм Функел
Баер Леверкузен во Бриж поведе со голот на Шнајдер во првото полувреме, иамше повеќе од играта и неколку изгледни шанси, но сепак на крајот извлече само бод. Германците вчера сепак можеа да се радуваат на спортски успех, но не фудбалски, туку во повеќебој во гимнастика. Фабијан Хамбихен по 13 години и го донесе првиот медал. На светското првенство во Архус, тој го освои бронзениот медал. Се разбира тој е пресреќен заради големиот успех
“Тоа е бронза не е злато, но се разбира јас сум многу среќен . Да се освои медал во повеќебој за мене тоа беше најголемиот сон“ изјави Хамбихен
Инаку златото го освои Јанг Веи од Кина, а сребрениот медал заврши на градите на јапонецот Хиројуки Томита