1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По шеикот Јасин , ликвидиран и наследникот Рантиси

18 април 2004

Во само еден месец Израел ликвидираше двајца највисоки претставници на радикалното палестинско движење Хамас. По убиството на духовниот лидер Шеикот Ахмед Јасин минатиот месец , вчера беше извршен и атентат врз човекот кој го замени на кормилото на Хамас- Абдул Азиз Ал Рантиси.

https://p.dw.com/p/AcO4
Борците на Хамас најавија одмазда
Борците на Хамас најавија одмаздаФотографија: AP

Во израелски ракетен напад во градот Газа, беше убиен лидерот на палестинското радикално движење Хамас , Абдел Азиз ал Рантиси.

Очевидци соопштија дека возилото во кое се наоѓал Рантиси било нападнато најмалку со два проектила , при што тој се здобил со тешки повреди ,на кои им подлегнал во болница во Газа, каде бил пренесен веднаш по нападот.

Инаку израелските проектили беа смртоносни и за двајцата телохранители на основачот и политички лидер на хамас , Ал Рантиси.

Тој само пред неполн месец застана на челото на Хамас во појасот Газа , откако израелската армија во идентичен напад го уби духовниот лидер на движењето шеикот Ахмер Јасин.

Палестински извори соопштија и оти уште шестмина луѓе случајни минувачи биле повредени во нападот.

Властите на палестинските автономни области жестоко го осудија убиството . Премиерот Ахмед Кореи истакна оти убиството претставува надминување на сите граници и побара од ЕУ и останатите меѓународни посредници да интервенираат и да ги запрат идните израелски напади. Претседателот Јасер Арафат пак го нарече атенататот врз Рантиси криминално дело кое само ќе го зајакне отпорот на Палестинците кон варварската окупација .

Хамас пак најави одмазда , додека голем број негови привраници излегоа на улиците на Газа веднаш по нападот да го изразат својот гнев.

Израелските власти пак соопштија дека го убиле мозокот на теророт против израелските граѓани. Израелците го обвинуваа Рантиси , кој себеси се декларираше за политички лидер, дека е еден од најодговорните за организирањето на самоубиствените бомбашки напади врз израелски цели. Израелскиот премиер Ариел шарон пак денеска им искажа благодарност на израелските сили поради успешната ликвидација на лидерто на Хамас. Инаку само неколку часа пред убиството на Рантиси во самоубиствен атентат на граничниот премин Ерез меѓу Израел и појасот Газа беше убиен еден израелски полицаец а уште тројца беа повредени.

САД одбегнаа да го осудат убиството на лидерот на Хамас Абдел Азиз Ал Рантиси за разлика од останатиот дел од меѓународната заедница кој повторно го критикуваше Израел поради политиката на целни убиства.

Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклелан напротив истакна дека Израел има право да се брани од напади со оглед дека Хамас е терористичка организација одговорна за теророт врз израелските цивили. Од другастрана генералниот секретар на ОН, Кофи Анан истакна дека вонсудските егзекуции се во спротивност со меѓународното право и го повика Изреал да ја прекине ваквата пракса. Во оваа насока оди и осудата на убиството на Рантиси , искажана од Велика Британија, преку министерот за надворешни работи Џек Стро.

Шефот на надворешната и безбедносна политика на Еу, Хавиер Солана исто така му го призна правото на Изрел да се брани но истакна дека ваквите убиства се незаконски и не придонесуваат кон смирување на ситуацијата.

Инаку шефовите на дипломатии на Европаската Унија вчера се измачија околу одердувањето на својот став кон најновата нагла промена на политиката на САД кон Блискиот Исток , промовирана со подршката на претседателот Џорџ Буш за плановите на премиерот на Израел Ариел Шарон за еднострано повлекување од појасот Газа но и задржување на некои делови од Западниот Брег. Со цел да не предизвикаат нови турбуланции во трансатлантските односи , министрите се одлучија во заедничката изјава да ја внесат формулацијата дека плановите на Израел за повлекување од Газа и делови од Западниот Брег би можела да води кон прогрес во остварувањето на мапата за мир на Блискиот Исток, која ЕУ ја смета за единствен пат кон траен мир меѓу Изрелците и Палестинците. Европските министри истакнаа дека клуч за сето тоа се директните преговори меѓу двете страни кои би требало да се обноват што е можно побргу. Шефот на германската дипломатија Јошка Фишер притоа побара поголема иницијатива од палестинска страна:

"Палестинците мора да имаат свое место на преговарачката маса, но нормално од нив се бара и да покажат иницијатива . Мислам оти треба да се подвлече дека тоа е многу важно со оглед на актуелната ситуација"-истакна Фишер.