1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Persönlicher Bericht Iran

24 јуни 2009

Известувањето за драматичните настани во Иран за време на протестите беше сериозно загрозено. Затоа се посебно интересни личните сведочења на оние, кои во меѓувреме ја напуштаат земјата.

https://p.dw.com/p/IXfo
Безредијата на улиците на Техеран продолжуваатФотографија: AP

Миријам воопшто не соодветствува на претставите што многумина ги имаат за жените во Иран. Наместо сериозно лице и молчелива религиозност, наидуваме на жива гестикулација и чести мали шеги, лицето се чини дека е постојано во движење. Тоа не значи дека не е постојано во мислите со најблиските во Иран, каде престојувала една недела. Надвор излегувала само дење: „По пет часот навечер морав да си дојдам дома, едноставно морав да седам во затворено и не можев да ги посетам пријателите, роднините... тоа беше страшно, бев толку депресивна поради тоа. На улица можев да гледам само од зад завеса.“

Миријам ни‘ покажува видео снимка, што ја снимила со дигитална камера од спомнатата позиција зад прозорецот. Се гледаат маскирани луѓе кои трчаат по улица, стаклата на излозите се искршени, на улицата горат канти со смет. Тоа беше застрашувачка ситуација, раскажува Миријам, која во реалноста се вика поинаку. Но, заштитата на нејзиниот идентитет е сега поважна. Таа се плаши дека во спротивно би можела да ги загрози родителите, кои и натаму живеат во Иран. Таа е многу загрижена и за нив и за повеќемина пријатели. „Некои од моите пријатели беа уапсени на улица и тоа без каква и да е причина. И сега не знаеме каде се наоѓаат. Тие едноставно излегоа да купат нешто и оттогаш им се брише трагата.“

Iran Kontrolle von Frauen wegen Kleidung
Полицијата контролира се’ - па и облеката на жените на улица

Ноќен кошмар на јаве

Миријам не може да ги заборави сликите од крвавите демонстрации, тие од ново и од ново и’ се појавуваат пред очите. Таа е особено растревожена од убиството на една млада жена, која настрадала од снајперистите на провладините милиции. Миријам ни‘ раскажува дека не излегла на изборите за нов претседател, иако не се смета за неполитичка личност. Не го дала гласот едноставно затоа што ниту еден од политичарите кои се кандидирале не сакале да го сменат системот во Исламската Република. Тоа, според неа, важи и за Мир Хосеин Мусави, кого многумина Иранци го сметаат за носител на надеж. Што мисли таа за Мусави: „Не знам, луѓето му веруваат. Тие мислат дека доколку Мусави дојде на власт можеби ќе добиеме поголема слобода, особено ние жените, бидејќи тој рече дека не е толку строг во врска со носењето шамија.“

Iran Wahlen Mir Hussein Mussawi nach Stimmabgabe in Teheran
Реформатор или не? Мир Хосеин МусавиФотографија: AP

Миријам најмногу се плаши од т.н. Басиџ милиционери, едно паравоено здружение кое го штити исламскиот систем. Во него наводно членуваат повеќе милиони Иранци, од кои најмалку половина милион минале низ воена обука. Басиџ милиционерите ги сметаат за посебно брутални во уличните борби против демонстрантите. Тие можат да прават се’ што сакаат, затоа што не им подлежат на никакви законски норми.

Останувам во Турција

Кога ќе ги заврши студиите Миријам нема намера да се враќа во Иран, туку, барем некое време, сака да остане во Турција: „Не ја сакам мојата земја, иако го сакам народот или барем делови од него, бидејќи не се сите Иранци припадници на Басиџ милицијата. Мораме да научиме што е тоа демократија, тоа не го знаеме.“

На разделбата по разговорот Миријам повторно се насмевнува. Сега во моментов ионака не може да стори ништо. Со хуморот барем нема уште повеќе да си ја загорчи бездруго тешката ситуација.

Автор: Килиан Пфефер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска