1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По ослободителната пресуда, Бошковски се враќа во Македонија

Гроздан Попов 11 јули 2008

Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија, по повеќе од три години минати во затворот во Шевенинген се враќа во Македонија откако Хашкиот трибунал го ослободи од сите обвиненија.

https://p.dw.com/p/EaaA
Љубе Бошковски по ослободувањето со Шпреса Јусуфи од македонската амбасада во Хаг.Фотографија: Grozdan Popov

Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубе Бошковски денеска се враќа во Македонија, откако повеќе од три години помина во притвор во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген. Судскиот совет на Хашкиот трибунал вчера изрече ослободителна пресуда за Љубе Бошковски, а за Јохан Тарчуловски, затворска казна од 12 години за случајот Љуботен.

Бошковски по враќањето во Скопје, треба да биде примен од премиерот на Македонија Никола Груевски и поглаварот на македонската православна црква Г.Г. Стефан. На плоштадот Пела во Скопје пак се оддржува прослава по повод враќањето на Бошковски во Македонија.