1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По изборниот пораз, Рамсфелд даде оставка

9 ноември 2006

Американскиот претседател Џорџ Буш го прифати поразот на неговата републиканска партија на изборите за Конгресот и ги повлече порвите консеквенции.

https://p.dw.com/p/Advx
Роберт Гејтс треба да биде наследник на Рамсфелд
Роберт Гејтс треба да биде наследник на РамсфелдФотографија: AP

Буш делуваше уморно откако по поразот на Републиканците настапи пред камерите. Тој веќе во првите минути од говорот призна дека за поразот многу придонесе војната во Ирак.

„ Признавам дека многу Американци гласаа минатата ноќ за да го покажат своето незадоволство со недостатокот на напредок во Ирак. Сепак верувам дека мнозинството од Американците како и лидерите на двете партии тука во Вашингтон сваќаат дека ние не смееме да прифатиме пораз во Ирак“

Како прва концесија за победоносниот политички противник , Буш ја објави оставката на минстерот за одбрана Доналд Рамсвелд , кого многу Демократи , но и бројни армиски претставници , го сметаат за соодговорен за катастрофалната ситуација во Ирак . Буш истакна дека повлекувањето на Рамсвелд била завршена работа , независно од исходот на изборите:

„По редица разговори министерот Рамсвелд и јас се согласивме дека е вистинско време за ново лидерство во Пентагон“

Оставката на Рамсфелд беше со олеснување прифатена и во партијата на Буш. Републиканскиот сенатор Џон Меккеин кој важи за можен кандидат за наследниик на Буш во редовите на партијата истакна :

Многумина меѓу нас , веќе долго време зборуваа , дека повеќе немаме доверба кон министерот за одбрана .

Наследник на Рамсвелд во Пентагон треба да биде поранешниот шеф на ЦИА Роберт Гејтс:

Боб со себе донесува 25 годишно искуство на полето на нацоионалната безбедност . Тој важи за човек кој има извонредна способност за проценување на ситуацијата . Покрај тоа тој досега работел за шест претседатели од обете партии“- истакна Буш претставувајќи го новиот министер.

Притисокот врз Буш да пронајде патишта за соработка со опозицијата по резултатите од изборите за Конгресот се зголеми .Демократите не само што освоија повеќе од 30 места во претставничкиот дом туку во него ќе бидат и мнозинска фракција. И во сенатото според последните анкети ги дели само едно место од остварувањето мнозинство .