1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По земјотресот во Канада, опасност од цунами на Хаваи

ЖА/дв/ртре/миа28 октомври 2012

Во американската сојузна држава Хаваи е издадено предупредување од цунами по земјотресот на канадските острови Кралица Шарлот. Аларм поради цунами е испратен и за регионите на Британска Колумбија, Калифорнија и Орегон.

https://p.dw.com/p/16YLV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во канадската провинција Британска Колумбија, по што се оформи цунами кој се движи во насока на Хаваи, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.

Неколку минути подоцна регистриран е уште еден земјотерс со интензитет од 5,8 степени.

Првиот бран се очекува да го погоди брегот на Хаваи во осум часот и 28 минути според Гринич.

Жителите на Хаваи се предупредени да се евакуираат од крајбрежните региони поради цунамито, а брановите можат да достигнат висина од еден до два метра.

Предупредување за цунами издадено е и за крајбрежните региони на Британска Колумбија, северна Калифорнија и јужните делови од Орегон, бидејќи земјотресите се регистрирани во близина на канадските острови Кралица Шарлот. Оваа група опфаќа околу 150 острови источно од канадскиот Ванкувер, со вкупно околу пет илјади жители.