1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Појас за спасување на финансиските пазари

Ацеска Жана17 септември 2008

Американската Централна банка му вети кредит од 85 милијарди долари на тешко погодениот гигант АИГ, спасувајќи го од банкрот до пред кратко најголемиот светски осигурителен концерн, за да спречи турбуленции на берзите

https://p.dw.com/p/FJWa
Помош за АИГ, обид да се спречат натамошни турбуленции на финансиските пазариФотографија: AP

Кредитот од околу 60 милијарди евра за осигурителниот концерн АИГ е обезбеден со услови кои ги зачувуваат интересите на американската влада и на даночните плаќачи, се вели во соопштението на Централната банка. Како гаранција важи целокупниот имот на АИГ.

Со изненадувачката државна спасувачка акција, американската влада и Централната банка сакаат да ги амортизираат последиците на финансиската криза, која трае веќе една година. Банкротот, кој му се закануваше на најголемиот светски концерн од областа на осигурувањето АИГ ќе ги внесеше во тешки турбуленции глобалните финансиски пазари. АИГ, Американ Интернешенл Гроуп, поради загубите од милијарди долари во кредитната криза, западна во состојба на акутна потреба на капитал. Акциите на осигурителната компанија од почетокот на годината загубија 90 проценти од вредноста.

Централната американска банка се воздржа и од зголемување на основната каматна стапка, таа останува на 2 проценти.

Берзите накратко здивнаа

Вестите за државната помош на концернот веднаш предизвикаа позитивни реакции на финасиските пазари: американските берзи по драматичниот пад затворија со плус. Доу Џонс индексот синоќа порасна за 1, 3 проценти.

За натамошно подобрување на изгледите се погрижи и втората по големина американска банка Морган Стеинли, која по затворањето на берзите прикажа добри биланси.

Südkorea Aktienkurs sinken Börse in Seoul Finanzkrise USA
Кризата во Америка ги погоди и азиските берзиФотографија: AP

По црниот понеделник на меѓународните финансиски пазари по банкарската криза во САД, берзите утрово се опоравуваат од почетните загуби.По латиноамериканските берзи, кои започнаа со нагорен тренд уште синоќа, раст бележат утрово и азиските берзи.

Нема причини за паника во Германија

Во Германија пак политичарите, банкарите и економските експерти се обидуваат да одвратат од паника и последиците од финансиската криза да ги претстават како надминливи.

Deutschland Bundestag Haushalt Rede von Finanzminister Peer Steinbrück
Пеер Штајнбрик во Бундестагот: нема причини за загриженостФотографија: AP

Германскиот министер за финансии Пеер Штајнбрик вчера во германскиот Бундестаг во дебатата за буџетот истакна:

„Оваа финансиска криза е многу проширена, сериозна, се разбира дека ја погодува и Германија. Но, не постои повод за сомнеж во стабилноста на германскиот финансиски систем. Отпорноста на германските кредитни институти е значително подобрена, а германскиот банкарски систем се покажа поробустен и порезистентен од американскиот“, тврди германскиот министер за финансии.






Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема