Почнува самитот на НАТО во Букурешт
2 април 2008Реклама
На самитот во Букурешт шефовите на држави и влади ќе расправаат за приемот на Јадранската група. На една од придружните манифестации денеска американскиот претседател Џорџ Буш уште еднаш се заложи за прием на Македонија, Хрватска и Албанија во Алијансата. Германската влада се надева на прием на Македонија, затоа што како што се вели се друго би било погрешен сигнал. Според дипломати на НАТО, во случај Грција да стави вето за приемот на Македонија ќе биде неизвесен и приемот на Албанија. Втора главна тема на самитот е Авганистан. Речиси пет години по ангажманот на НАТО на Хиндукуш, во Букурешт треба да се усвои нова стратегија.