1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува ЕУРО 2012

Јоша Вебер / Александар Методијев8 јуни 2012

Може да почне – германскиот тим е подготвен за првиот натпревар на Европското фудбалско првенство против Португалија. Првиот тим е комплетиран, иако тренерот Лев е во кавга со еден фудбалер.

https://p.dw.com/p/15AOs
Фотографија: dapd

Со дуелот меѓу ко-домаќинот Полска и екипата на Грција, денеска започнува Европското фудбалско првенство. Првиот, од вкупно 31 натпревар, почнува во 18 часот по средноевропско време во Варшава. Претходно, на Националниот стадион, првенството ќе биде отворено со свечена церемонија. Вториот натпревар од групата А вечерта во Вроцлав го играат Русија и Чешка.

А, тимот на Германија настапува утре. Сите членови на германскиот фудбалски тим немаат повреди и се подготвени за натпреварите. Судирот меѓу одбранбените играчи Пер Мертезакер и Жером Боатенг за време на тренингот во Гдањск, пред заминувањето за украинскиот град Л’вов, не остави сериозни повреди. Така, грижите на тренерот Јоахим Лев пред првиот меч на германскиот национален тим се отстранети – барем во одредена мерка.

Fußball Training Deutsche Nationalmannschaft
Германската репрезентација настапува утре (09.06)Фотографија: dapd

Боатенг тет-а-тет со кол герла

Кога на прес-конференцијата Лев требаше да зборува за својот одбранбен играч Жером Боатенг, тој го промени тонот на својот смирен глас.

„Она што не ми се допаѓа се подразбира само по себе“, рече Лев, мислејќи на излетот на Боатенг во еден берлински хотелски бар со познатиот германски модел Џина Лиза, која често прави голи фотосесии. Тоа се случи пред полетувањето на националниот тим кон Полска.

Последицата од тоа е што конкурентот на Боатенг на десната страна во одбраната, Ларс Бендер, доби многу пофалби од германскиот тренер, кој сака да го стави фаворизираниот Боатенг под притисок.

Fußball Freundschaftsspiel Schweiz gegen Deutschland Mai 2012
Јоахим Лев му се лути на БоатенгФотографија: Reuters

Клозе единствен напаѓач?

Во сабота најдобрите 11-мина од германскиот тим во Л’вов играат против Португалија, а тимот би требало да изгледа вака: Нојер на голот, а пред него Боатенг, Мертезакер, Бадштубер и Лам. Швајнштајгер и Кедира ги осигуруваат дефанзивните играчи од средниот ред Милер, Езил и Подолски, кои треба да му помогнат на Клозе.

Иако германскиот тим треба да биде успешен како колектив, на спротивната страна во португалскиот тим се чини дека целиот интерес е фокусиран на еден човек – Кристијано Роналдо, 90 милиони евра вредната супер звезда од Реал Мадрид. Португалскиот тим е многу зависен од својот исклучителен играч Роналдо. Скорешните перформанси на тимот варираа и тренерот Пауло Бенто мора посилно да ја реорганизира екипата.

„Имаме две опции. Или ќе играме дефазивно или, пак, ќе настапиме офанзивно“, рече португалскиот тренер Бенто.

Fußball Training niederländische Nationalmannschaft
Во холандскиот тим владее еуфоријаФотографија: picture-alliance/dpa

Расистички тонови

Истиот ден кога игра германскиот тим, во заеднички натпревар се среќаваат тимовите на Холандија и Данска. Додека Данците пристигнаа на првенството со мислење на своите сограѓани дека се аутсајдери, во холандскиот тим владее еуфорија. Рекорден број од 25.000 фанови го следеа тренингот на портокаловиот тим, придружени од мала група расистички фанови од Полска, кои со мајмунски извици им се обраќале на темнокожите играчи во тимот на светскиот вицешампион.