1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнуваат подготовките за примена на законот за полиција

Александар Чомовски3 ноември 2006

Македонското министерство за внатрешни работи ги почнува подготовките за примена на новиот закон за полиција. Формиран е Управен комитет за реформи, на чија прва седница присуствуваа ЕУ амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

https://p.dw.com/p/AdbK
Со новиот закон полесно против криминалот
Со новиот закон полесно против криминалотФотографија: APGraphics

“Треба да донесеме над 140 подзаконски акти. Тоа е првата активност која МВР треба да ја заврши. Натаму, треба да создадеме услови за примена на законот во смисла на запознавање на сите кои треба да го применуваат“, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Законот ќе важи од есен наредната година. Дотогаш ќе биде извесно дали се реални заканите од опозиционата ДУИ, дека нејзините 14 градоначалници ќе ги бојкотираат новите правила и обврски од и кон полицијата, а нејзините локални и општински началници ќе бидат исто така предмет на бојкот од страна на градоначалниците. ЕУ амбасадорот Фуере, вчера решително, денеска подипломатски, побара консензус од сите партии и од јавноста во примената на новите полициски правила, стандарди и организација:

“Треба голем напор за подигање на свеста на јавноста и на сите полициски, но и политички субјекти, за да бидеме сигурни дека законот за полиција ќе се реализира“, рече Фуере.

Еден од поголемите Твининг-проекти за обука за јавниот сектор е финансиран од ЕУ и е поврзан со полицијата. Него го финансира Германија, а на половина од тренингот, Хајко Шмит, водач на проектот, вели:

“Сите вклучени во проектот за реформи во полицијата се убедени дека по законот за полиција, до крајот на октомври 2007 година, ќе се реализира проектот на ЕУ во министерството за внатрешни работи.“

Германскиот експерт што ги води тренизнзите и имплементацијата на европските стандарди во полицијата, инсистира на секторите за гранично управување, визните и пасошки контроли, организираниот криминал, прекуграничната соработка и пред се финансискиот криминал.