1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнуваат маратонски преговори за европскиот устав

16 јуни 2007

Неполна недела пред самитот на ЕУ во Брисел продолжуваат диполоматските напори да се надминат разликите и да се прифатат германските предлози како основа за натамошно усвојување на уставото на Унијата.

https://p.dw.com/p/AxJq
Ангела Меркел во европска офанзиваФотографија: AP

Германската канцеларка и претседавач со ЕУ Ангела Меркел денеска упати пел до сите земји членки на Европската унија да покажат подготвеност за компромис. „ До 2009 година сакаме Европа да ја поставиме на нова основа, за на луѓето пред европските избори да може да им кажеме, која е нашата натамошна намера со Европа. Ние ќе поднесеме предлог план. За да може да биде усвоен неопходна е подготвеност за компромис на сите. Работиме и им благодариме на многу земји членки што не поддржуваат во оваа цел. Се надевам дека ќе успееме наредната недела да го усвоиме овој план за да добиеме основа за нов устав со што Европа ќе си ја поврати својата ефикасност.” порача Меркел

Но на патот кон новиот устав на ЕУ силно се попречува Полска. Деновиве високо рангирани европски дипломати отпатуваа во Варшава на разговорои со браќата Качински. Покрај најавите дека Полска е подготвена на компромис, последната вест од Варшва е дека владата не го менува својот став. Денеска во нова дипломатска офанзива влегува лично претседателката со Европската унија канцеларката Меркел. Во замкот Месенберг таа ќе го прими полскиот претседател Лех Качински.

Полска сеуште не се откажува

Качински и натаму е против нацртот за обновување на оној договор кој некогаш се нарекуваше устав. Причина: според одредбите кои во моментов се на сила и кои се основанаат на договорот од Ница, Полска има речиси ист број гласови како и Германија, но Германија има скоро двојно повеќе жители. Ако сега се усвои нацрто Полска ќе загуби гласови во однос на поголемите европски држави. Затоа Варшава сака одново да преговара по оваа точка.

Црвената линија не може да се премине

Но германската канцеларка знае, уште пред денешната средба со Лех Качински, дека полскиот претседател со ваквата позиција ќе остане изолиран во ЕУ. По вчерашната средба со шпанскиот премиер Запатеро Меркел нагласи „Кога велам дека мора да се осигура ефиканоста на Европа, тогаш навистина значи дека има црвена линија која неможе да ја поминеме.” рече Меркел.

Набљудувачите оценуваат дека на оваа спорна тема ќе се разговара до самиот самит на Унијата, а не се исклучува и можноста да не успее обидот за заживување на евроспкиот устав.

Денеска канцеларката повторно ќе се обиде да ја употреби, нејзината во Европа веќе доборо позната способност за убедување, и да го смени мислењето на нејзиниот гостин. Но Полска не е единствениот кочничар. По притисок на Британците и Холанѓаните на пример, европските симбли како знамето и химната нема да бидат цврсто утврдени, а планираниот министер за надворешни работи несмее да се нарекува така. Се’ што премногу наликува на европска државност се одбегнува внимателно за да може да се постигне консензус.

Во недела навечер и министрите за надворешни работи на Унијата на средбата во Луксембург ќе дебатираат околу спорните прашања за уставот: најверојатно тоа ќе биде првата од редицата долги ноќи кои престојат, во маратонот наречен устав.