1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна европската турнеја на Буш

21 февруари 2005

Со средбите во белгиската претстолнина и говорот пред првите луѓе на НАТО и ЕУ, американскиот претседател Џорџ Буш ја пона својата петдневна европска турнеја, која што има за цел да ги ѕацврсти американско европските релации, разнишани по воената интервенција на САД во Ирак.

https://p.dw.com/p/AcH7
Од средбата на Буш со белгискиот премиер
Од средбата на Буш со белгискиот премиерФотографија: dpa

,, Добро е повторно да се биде назад во срцето на Европа” рече американскиот шеф на државата по првата официјална средба во Брисел со еден од најголемите критичари на ирачката војна, белгискиот премиер Гај Ферхофштад.

Со ракувањето Буш – Ферхофштад на претпладневната средба, а претходно и со раѕговорите во со белгиските крал и кралица, всушност стартуваше петдневната европска турнеја на американскиот претседател, кој во Европа допатува со една главна цел – да ги зацврсти трансатланските врски, кои се разнишаа по воената интервенција во Ирак.

Всушност, пеглањето на американско европските релации е и главната поента на говорот на Буш пред Нато и Европските авторитети, што тој го почна пред еден час:

Новата ера на заедништво меѓу Европа и америка е главен столб на нашата беѕбедност, рече Буш.

,, Повеќе од 60 години нашите нации заедно им се соочуваат на големите предиѕвици на историјата. Не смееме да ги заборавиме нашите заеднички достигнувања. Нашата врска е повеќе од носталгија, им се обрати Буш на првите луѓе од Нато и ЕУ, подавајќи им го малиот прст, откако во 2003-та, самоволно и без поддршка на атланскиот воен сојуз, му се спротивстави на режимот на Садам Хусеин.

Покрај Ирак, Сирија, Либан, еммаргото кон Кина, Кјото протоколот како и нуклеарната програма на Иран ќе бидат централни теми на раѕговорите со европските лидери. Како што најави американскиот претседател, од сите соговорници ќе бара поддршка за неговата политика.

,, На Герхард и на сите други европски лидери ќе им упатам пофалби ако на Иран му упатат јасна порака. “ иѕјави Буш, кој доцна вечер ќе се сретне со францускиот колега Жак Ширак. Германија е на неговата агенда в среда, кога во Мајнц ќе раѕговара со канцеларот Герхард Шредер. Потоа заминува за Словачка, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Посетата на Буш на Европа се одвива под силни беѕбедносни мерки, со оглед на тоа што стотици демонстранти, пацифисти, заштитници на животната средина и припадници на други невладини организации иѕлегоа на улиците противејќи се на неговото доаѓаање. Само во Брисел, на околу 4000 службеници од Европската Унија, поради беѕбедносни причини им е наложено да останат дома.