1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнаа вагнеровите свечености во германскиот град Бајројт

28 јули 2005

Познати личности од целиот свет во понеделникот вечерта, проделифираа по црвениот тепих во германскиот град Бајројт. Таму почнаа 94 –те по ред свечености од фестивалот посветен на познатиот германски композитор Рихард Вагнер

https://p.dw.com/p/AeUa
Aнгела Меркел во елегантно издание на свеченостите во Бајројт
Aнгела Меркел во елегантно издание на свеченостите во БајројтФотографија: AP

Новата продукција на швајцарскиот режисер Кристоф Мартхалер на претставата ,, Тристан и Иѕолда, го оѕначи стартот на годинешниот вагнеров фестивал, што традиционално се одржува во Бајројт.

,, Станува збор ѕа извонреден режисер, кој знае да ги предочи човековите судбини. Го избрав Мартхалер како режисер од кој се очекува тоа да се оствари,, рече на отворањето на фестивалот директорот Волфганг Вагнер.

Во новата постава на операта, во главните улоги настапија американскиот тенор Роберт Деан Смит и шведската сопранистка Нина Штеме. Музичкото водство за првпат го презема еден Азијат - јапонецот Еиди Оуе.

До 28 август, околу 60 илјади луѓе ќе имаат можност да ги слушаат 30 –те мајсторски обработени дела на познатиот композитор.

Градоначалникот на Бајројт Дитер Мронц е многу задоволен.

,, Додека во останатите делови на земјата се е успорено затоа што е време на годишни одмори, во гардот Бајројт настаните допрва почнуваат да се случуваат,, изјави тој.

А и како да не биде задоволен?

Својот годишен одмор, германскиот претседател Хорст Келер и неговата сопруга Ева го почнаа токму со релаксација на вагнеровиот фестивал, гледајќи ја операта ,, Тристан и Изолда“.

Во публиката беа видни личности од светскиот политички и интелектуален крем: меѓу нив и португалскиот претседател Жозе Сампајо, како и хрватскиот премиер Иво Санадер. Сепак, блицовите на фотографите беа насочени кон германската политичка елита, а посебно кон шефицата на опозицијата Ангела Меркел. вагнеровиот фестивал е ретка прилика кога таа се појавува со својот сопруг. Сите беа љубопитни за вечерната тоалета на потенцијалната идна германска шефица на владата, која речиси секогаш е во пантолони. Таа дојде облечена во елегантен, розов фустан.

На првата иѕведба на ,, Тристан и Изолда “ дојде и министерката за култура, Кристина Вајс, како и министерот за финансии, Ханс Ајхел. Тука беше шефот на слободните демократи, Гидо Вестервеле и Шефот на ЦСУ Едмунд Штојбер.

Оние љубитељи на опера кои успеаја да дојдат до билети за фестивалот се мошне среќни, бидејќи тие се веќе одамна продадени. Влезниците за бајротските свечености се чекаат и по десет години, така што препродавачите оваа година ги тријат рацете.

На интернет се нудат билети во висина од 310 до 1200 евра. Но еден американски интернет препродавач на билети, годинава постигна рекорд- . За првата претстава , се достигна неверојатна сума од 2717 американски долари!!

Но ваквите цени се очекувани, со оглед на тоа што официјалните влезници чинат 192 евра. Организаторите на фестивалот се свесни за пробемот со препродавањето на билетите.

,, Многу внимателно ги следиме случувањата и се обидуваме, колку што е можно повеќе, да им влеземе во трага на препродавачите , и колку што ќе ни дозволат можностите, да ставиме крај на таквата појава“ иѕјави Петер Емерлих, портпаролот на свеченостите.

,, Тристан и Иѕолда“ , со која стартуваше годинершниот фестивал во Бајројт, е десета инсценација на оваа опера во богатата историја на вагнеровите свечености. Делото е едно од најпознатите на германскиот композитор, кој живеел од 1813 до 1883 година. Тоа е компонирано во 1857 до 1859 година, но премиерно е изведено дури во 1886 година, во режија на вагнеровата вдовица Козима. Претходно, на операта работеше познатиот театарски режисер Хајнер Милер, а тоа беше во 1993 година.

Вагнеровите оперски дела се сметаат за едно од најзначајните во истортијата на овој вид музика. Германскот композитор во операта има спроведено низа реформи. Најмногу од неговите дела се посветени на интегралноста на музичко – сценското делување, на истакнувањето на драматичноста во либретото, додека музичките делници ги има одбележувано со сцени, наместо оперски арии.

Посебна важност Вагнер му придавал на оркестарот. Негови познати опери се ,, Таненхојзер“, ,, Холанѓанецот скитач “, ,, Лоенгрин“ , ,,Нирбершките мајстори пејачи“ , ,,Згрифид “ и ,, Самрак на Боговите„ .

На овогодинешниот фестивал, што е е посветен на познатиот композитор, изоставена е представата на една од најпопуларните Вагнерови опери - ,, Нибелунгшкиот прстен“. Затоа, пак, во средиште е изведбата на ,,Парсифал“ , во режија на Филип Шлингензид, чиј диригент е Пјер Булез.