1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Џо Фрејзер

8 ноември 2011

Во 67-та година од животот денеска почина Џо Фрејзер, еден од најголемите боксери на денешницата и голем ривал на легендарниот Мохамед Али во 70-тите години на минатиот век.

https://p.dw.com/p/136nf
Џо ФрејзерФотографија: AP

Џо Фрејзер боледувал од рак на црниот дроб. Тој влезе во алејата на славните со трите епски борби против Али, а истовремено беше и првиот боксер кој успеал да го совлада дотогаш неприкосновениот шампион. Одличната кариера ја најави на Олимписките игри во Токио во 1964 година, освојувајќи златен медал.

Титулата апсолутен шампион на светот во тешка категорија, во професионален бокс, ја освои седум години подоцна кога во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден го нокаутира дотогашниот првак Џими Елис.

Frazier schlägt Muhammad Ali
Една од славните борби со АлиФотографија: AP

Хроничарите од тоа време тврдат дека доминацијата на Фрејзер би траела и подолго, доколку не боксувал во исто време кога и „најголемиот меѓу најголемите“ Мохамед Али. Нивната прва борба, одржана на 8 март 1971 година во Медисон Сквер Гарден, е прогласена за борба на векот. По неверојатна размена на удари во текот на 15 рунди, победи Фрејзер на поени и на Али му го нанесе првиот пораз во кариерата. Фрејзер во својата кариера имал 37 борби, од кои 32 пати победил, еднаш боксувал нерешено и четири пати претрпел пораз.

Автор: БГ/ЖА/ап/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска