1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина филмскиот Лоренс од Арабија

СН/бг/мф/ртр/дпа/афп16 декември 2013

Прочуениот ирски актер Питер О'Тул, кој стана познат ширум светот преку неговата насловна улога во филмот „Лоренс од Арабија“ од 1962. година, почина во Лондон на 81-годишна возраст.

https://p.dw.com/p/1AaBX
Фотографија: imago/AD

„Ирска и светот загубија еден од гигантите на филмот и театарот“ изјави ирскиот претседател Мајкл Хигинс во рекцијата на веста за смртта на Питер О'Тул. Британскиот премиер Дејвид Камерон пак го означи „Лоренс од Арабија“ за негов омилен филм и истакна дека глумечките вештини на О' Тул во него биле неверојатни.

Претставникот на Питер O'Тул, Стив Кенис претходно соопшти дека актерот починал во саботата во лондонската болница „Велингтон“ по подолго боледување.

Ќерката на актерот, Кејт О’Тул изјави за британскиот јавен сервис Би Би Си дека семејство е скршено од болка „поради вистинската љубов и наклонетост којашто ни ја изразуваше“.

Меѓу последните ролји на О’Тул беше улогата на епископот Кишон во филмот на Кристијан Дуге „Јованка Орлеанска“ од 1999 година, на Пријам во филмот „Троја“ од 2004 година, на папата Павле Трети во телевизиската серија „Тудорите“ и на отец Кристофер во мексиканскиот филм „Кристиада“ од 2012 година.

Peter O'Toole gestorben
Фотографија: Getty Images

Иако осумпати беше номиниран за најпрестижната филмска награда Оскар, првпат за Лоренс од Арабија, Питер О’Тул никогаш не го доби ова признание, а во 2003 година му беше доделен почесниот Оскар, кој првично го одби. Во писмото актерот од американската Академија за филмска уметност и науки побара повекеување на нејзината одлука одека не наполни 80 години бидејќи „сѐ уште може да игра и да ја освои статуетката“. Своето конечно повлекување од светот на филмот О’Тул го објави во јули 2012 година.