1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Тадеуш Мазовјецки, првиот посткомунистички премиер на Полска

БГ/ап/миа28 октомври 2013

Почина Тадеуш Мазовјецки, првиот премиер на Полска по падот на комунизмот и првиот некомунистички премиер во Источна Европа.

https://p.dw.com/p/1A76C
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мазовјецки, кој беше познат полски автор, демохристијански политичар, филантроп и еден од поранешнитe лидери на движењето Солидарност, почина денеска на 86-годишна возраст во Варшава.

Тој е еден од иницијаторите на Тркалезната маса, преговори преку кои комунистичката власт и опозицијата ја подготвија Полска за мирен преод кон демократија. Функцијата премиер на Полска ја извршуваше од 24 август 1989 до 12 јануари 1991 година. Тој е првиот некомунистички премиер во Централна и Источна Европа по Втората светска војна.

Мазовјецки беше меѓу ретките полски интелектуалци кои им се придружија на протестите на движењето Солидарност во 1980. година и оттогаш беше во тесни врски со синдикалниот лидер Лех Валеса. Мина една година во затвор откако беше воведена воената состојба во земјата под режимот на генералот Војчех Јарузелски.

Во 1988. повторно застана на чело на демонстрантите во Гдањск кои доведоа до преговорите со комунистичките власти, и до првите делумно слободни парламентарни избори во земјите зад Железната завеса. Откако Солидарност освои мнозинство во парламентот на изборите во јуни 1989., Мазовјецки застана на чело на владата во септември истата година.

Иако на власт остана само неполна година, владата на Мазовјецки успеа да спроведе важни политички и економски реформи кои го отворија патот за демократизацијата на Полска и транзицијата кон пазарната економија.

Мазовјецки подоцна беше специјален пратеник на ОН во Босна и Херцеговина.