Почина Србинот кој уби 13 роднини и соселани
11 април 2013Реклама
Љубиша Богдановиќ, кој пред два дена смртно застрела 13 луѓе во местото Велика Иванча починал денеска во Клиничкиот центар во Белград. 60-годишниот Богдановиќ во вторникот уби 13 свои соседи и роднини во селото Велика Иванча, меѓу нив шест мажи, шест жени и едно дете, ја ранил сопругата, а потоа се обидел и да се самоубие. Мотивот за убиствата се уште не е откриен.
Погребот на 13-те жртви на масакрот е закажан за утре.