1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Ростропович

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9o

Во Москва денеска почина челистот и диригент Мцислав Ростропович. Ростропович, кој почина на 80 годишна возраст, беше претходно подложен на неколку тешки операции. Покрај Шпанецот Пабло Касалс, Ростропович важи најпознатиот челист на 20 век. Тој беше и политички активен. Поради тоа што на прогонетиот писател Соженицин му понуди скривалиште, заедно со сопругата беше протеран од Советскиот сјуз во 1974 година. Во 1990 година се врати повторно да живее во Русија.