Почина принцот Фрисо
12 август 2013Принцот Јохан Фрисо почина по речиси 18 месеци откако беше затрупан со снег поради лавина. Тој почина на 44 години, како последица на оштетување на мозокот поради недостиг на кислород.
На 17 февруари 2012 година принцот беше затрупан од лавина во австриски Лех. Спасувачите успеаја да го извлечат по 15 минути. Поради недостиг на кислород тој тогаш доживеа и срцев удар. Фрисо потоа беше во кома во текот на која покажуваше само минимални знаци на свест.
Холандскиот принц прво беше пренесен во една клиника во Лондон, но со текот на времето исчезнуваше надежта дека ќе се разбуди од кома. Во јули 2013 година тој беше пренесен во родителската куќа во Ден Хаг, а состојбата му остана непроменета. Кралската куќа им се заблагодари на сите кои се грижеа за здравствената состојба и за нега на принцот.