Почина италијанскиот режисер Антониони
31 јули 2007Реклама
Еден од најзначајните италијански режисери на сите времиња Микеланџело Антониони , почина денеска на 94 годишна возраст во неговата куќа во Рим . Светска слава тој постигна со филмовите Блоу ап и Забриски поинт . Антониони кому во 1995-та година му беше доделен оскарот за животно дело, важеше за голем филмски уметник, пред се поради неговите нео-реалистични естетски филмови.