Почина Елизабет Тејлор
23 март 2011Реклама
Американската актерка, позната по своите сини очи и осум бракови зад себе, оствари извонредна филмска кариера. Двојната добитничка на Оскар веќе подолг период се бореше со различни болести, а пред извесно време и‘ беа констатирани и срцеви проблеми.
Меѓу бројните улоги, највпечатливи остануваат оние во филмовите „Клеопатра“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“. Врвот на кариерата го достигна во периодот на 50 и 60-те години на минатиот век, кога четири години по ред беше кандидирана за Оскар. Во младоста беше сметана за една од најголемите актерки и најубава жена во светот.
Елизабет Тејлор беше родена на 27 февруари 1932 година, во Лондон.
Автор: БГ/афп/ап/ббц
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска