Почина аудио-пионерот Реј Долби
13 септември 2013Компанијата соопшти дека по долго боледување од Алцхајмерова болест и акутна леукемија која му беше дијагностицирана во jуни, Реј Долби им подлегнал на болките и починал во својот дом во Сан Франциско. Неговите системи ја прославија компанијата и без нив филмската и кино индустријата немаше да бидат тоа што се денес.
Долби е роден во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, а израснал во Сан Франциско. Тој ја започнал својата кариера работејќи на проект кој требало да помогне во снимањето на видео ленти во 1950-тите години во компанијата Ампекс Кооперација. По овој проект ги комплетирал своите докторски студии на универзитетот Кембриџ во Лондон, каде нешто подоцна ќе ја основа и компанијата „Долби лабараторис“. Тој стана познат по својата работа на намалување на бучавата на аудио снимките и создавањето на сараунд системите. Ја преместил својата компанија во Сан Франциско во 1976, а во 1989 година му беше доделен Оскар за неговиот придонес за кино индустријата. Долби во мометов е сопственик на 50 патенти во САД, вкучувајќи го и најновиот „Атмос“-систем, кој испраќа команди до поединечни звучници и на тој начин прави да изгледа дека одредени ефекти, како што се чекори, експлозии или дожд, доаѓаат од одреден дел на кино салата.
Мината година неговата компанија ја купи салата во Лос Анџелес каде се одржува доделувањето на Оскарите, откако Кодак банкротираше и сега тој ќе се нарекува „Долби театар“. Под негово водство компанијата успеа да собере 13 Оскар статуетки и 13 ЕМИ награди за нивните револуционерни пронајдоци.
Неговиот син Давид Долби изјави: „Татко ми беше трпелив, грижлив и разумен човек, кој секогаш беше одлучен да ја направи вистинската работа, независно дали тоа беше во бизнисот, филантропијата, или како сопруг и татко. Нашето семејство е гордо на неговите лидерски способности и достигнувања, многу ќе ни недостига, но неговото наследство на иновации ќе продолжи да живее“.