1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Академик Кљусев

Александар Чомовски 17 јануари 2008

На 80 годишна возраст во Скопје почина Академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија. Кљусев меѓу другото играше важна улога за воспоставувањето на независна Македонија.

https://p.dw.com/p/Ct00
Академик Никола КљусевФотографија: MIA

Беа тоа историски предизвици, промените се нижеа и отвараат пат за нови - едни длабоко осмислени, други извираа длабоко од енергијата и набојот на народот. Овие мемоариситички записи се од трилогијата „Предизвици“ на Академик Никола Кљусев, првиот претседатл на македонската Влада, од плуралистичка Македонија.

Академик Никола Кљусев го доби мандатот од првиот претседател Киро Глигоров да ја состави експертската Влада. Со неа ги создаде условите за мирна дисолуција од југо – режимот на Слободан Милошевиќ, го организираше референдумот за самостојна Македонија, го отвори шампањското откако 90 насто од Македонците се изјаснија за своја држава. Во тие драматични денови негов беше слоганот – Македонија треба да остане оаза на мирот.

Академик Кљусев важеше за дисидент во екс југословенските времиња, за македонски патриот во деновите на созадавање државност. Неговата прва експертска Влада беше жртва на партискиот договор, по што во 1992 година за прв политички шеф на македонската Влада беше избран Бранко Црвенковски тогашен претседател на СДСМ.

Никола Кљусев како професор на економскиот факултет ја формираше плејадата помлади негови наследници на макро економнскиот развој. Како член на МАНУ ја раководеше и ја создаде стратегијата за економскиот развој на државата. Автор е на повеќе од 50 студии печатени во странски стручни списанија. Академик Никола Кљусев беше кандидат за претседател на МАНУ, а беше и против кандидат на загинатиот Борис Трајковски за претседател на Македонија на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Академик Кљусев беше и близок економски советник на актуелниот премиер на Македонија Никола Груевски и застана во одрбдана на наеговата битка против првиот лидер на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски за освојување на власта на сега владјачката партија. Академик Кљусев освен со стручни списанија беше препознатлив и со своите поетски стихови.