1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поуки од кипарската криза

Кристоф Хаселбах / Александра Трајковска9 мај 2013

Како можеше ситуацијата да дојде дотаму? Што значи кризата за можните натамошни мерки за спас? Дали заштедите се сигурни? Европскиот парламент направи првичен биланс.

https://p.dw.com/p/18Uw5
Фотографија: Reuters

Заклучоците на Еврогрупата за спас на Кипар од државен банкрот на средината на март предизвика огромна прашина. Дел од неа до денес не се спушти. Комисијата за стопанство и монетарна политика на Европскиот парламент сега се обиде да спроведе еден вид обработка на спасот на Кипар. На две седници шефот на Еврогрупата Јерон Дајселблум, комесарот за монетарна политика Оли Рен и членот на директориумот на ЕЦБ Јерг Азмусен како претставници на „спасителите“ одговараа на прашања на пратениците.

Најмногу негодување во март предизвика најавата за учество на ситните штедачи во спасот на земјата. На почеток се велеше дека и штедачите кои поседуваат далеку помалку од 100.000 евра треба да дадат придонсе за спас на банкротираните банки, и покрај тоа што во ЕУ заштедите до овој износ се осигурани. Еврогрупата се откажа од оваа намера, но штетата веќе беше нанесена. Што всушност уште е сигурно? И кому може да му се верува? Овие прашања оттогаш воопшто не згаснаа.

Страв за штедните влогови

И претседателот на еврогрупата Дајселблум не ги смири критичарите со неговиот настап во Парламентот: „Оние кои профитираа од ризиците на банките мораат да ги носат и трошоците“, рече Холанѓанецот. Кипарските банки на вложувачите им понудија многу повиски камати отколку европските конкуренти. Со тоа, како што се покажа, е поврзан повисок ризик. И доколку ситните вложувачи би требало да бидат оптоварени, тогаш тоа треба да биде преку данок. Сигурноста за влоговите секако важи и немала никавка поврзаност со тоа.

Sitzungen des Wirtschafts- und Währungsausschusses zur Zypern-Rettung Mai 2013
Дајселблум: Кој профитира од ризиците, мора и да ги сноси трошоцитеФотографија: picture-alliance/dpa

Но, за многумина пратеници тоа е ситничарење. Социјадемократот, Германецот Удо Булман, опомена дека монетарната унија стоела „на работ на бездна“. Никој не можел да исклучи дека со учество на кипарските ситни штедачи во цела јужна Европа ќе дојдеше до навалица врз банките. Конзервативниот Французин Жан-Пол Гаузес, обраќајќи му се на Дајселблум, говореше за фијаско: „Вие ја оштетивте сликата за Европа. Денес се’ помалку луѓе имаат доверба во Европа“.

Недостасува европски надзор на банките

Но тоа не е се’. И покрај напорите за спас на Кипар луѓето таму уште долго ќе мораат да живеат со кратења. Јерг Азмусен предвидува „дека кипарското стопанство значитено ќе се намалува, оваа и наредната година за 13 проценти“. Дури во 2015 година повторно ќе бележи пораст и тоа само ако се консолидира банкарскиот сектор. Кога се менува цел еден модел, вели Азмусен, тоа не е едноставна работа.

Едно од највозбудливте прашања беше - зошто во Кипар ситуацијата дојде до таму и зошто траеше толку долго додека беше изработен концептот за спас. За тоа тројцата претставници на ЕУ одговорноста ја префрлија на Кипар, кој премалку ги контролирал своите банки. Дотолку поважно е воведување на заеднички европски банкарски надзор. Тоа можеби е најважната поука, која можат да ја извлечат практично сите претставници на ЕУ и вклучително и повеќето пратеници од кипарската криза.

Sitzungen des Wirtschafts- und Währungsausschusses zur Zypern-Rettung Mai 2013
Азмусен: Кипарското стопанство ќе доживее падФотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо во понеделникот (06.05.2013) на една манифестација во Брисел се пожали: „Доколку веќе имавме банкарски надзор, најверојатно ќе спречеше драма од размери на Кипар“. Оттука случајот со Кипар најверојатно ќе ги забрза плановите за банкарски надзор.

Тројката како дежурен виновник

Спасот на Кипар од банкрот не предизвика само задоволство во земјата. Многу луѓе излегоа на улица да протестираат против мерките за штедење и реформи. Исто така и некои критични прашања на колегите парламентарци на германскиот политичар од ЦДУ Вернер Ланге му се причинија, како некои да гледаат дека проблем била „Тројката“. „Сакам сосема јасно да потенцирам, дека одговорноста за погрешниот развој лежи кај погодените држави. Тројката не е проблемот, таа е решението“. Со тоа во Парламентот повторно на дневен ред дојде спорот околу политиката за консолидација, кој во моментов се води во Европа.

Франција застана на чело на земјите од југот, кои бараат одвраќање или барем ублажување на курсот на штедење, додека Германија цврсто се придржува до тоа. Германскиот член во ЕЦБ Азмусен оцени дека наводниот избор меѓу штедење и пораст е погрешна опција. Неопходни се и двете работи. Но, едно е јасно: „Консолидацијата на буџетите ќе остане, кога се имаат предвид високите долгови во монетарната унија“. Дали тоа во него зборуваше Германецот, или тој можеби ја злоупотреби неговата европска функција за да ги спроведе германските позиции? Азмусен одговори на прашањето уште пред да биде поставено: „Имам германски пасош, но мојот мандат е европски“.