1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрошувачка треска во Венецуела

СН/АТ/ртр/миа/ап/бета10 ноември 2013

Социјалистичката влада на Венецуела „окупираше“ синџир продавници за техничка стока, испрати војници во продавниците и ја принуди компанијата да ги продава производите по поефтини цени.

https://p.dw.com/p/1AEqf
Фотографија: Reuters

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро (насловна фотографија) нареди „окупација“ на синџирот на продавници за техничка стока „Дака“ откако инспекторите открија дека компанијата шпекулира со малопродажните цени. Веднаш потоа што наслението вчера навали да купува телевизори, машини за перење алишта, и други технички производи по значително намалени цени односно според зборовите на Мадуруро „фер цени“.

„Окупацијата“ на трговскиот синџир „Дака“ во која учествуваше и националната гарда и армијата, Мадуро ја најави во петокот навечер преку телевизија.

Потоа, околу продавниците на „Дака“ во Каракас се направија долги редови на жители за што националната гарда мораше да воведе ред давајќи има на купувачите броеви. Дел од гардистите носеа и автоматско оружје.

Одделни жители кои дале изјави за американски медиуми ја опишаа потрошувачката треска во продавниците на „Дака“ како „организиран грабеж“.

Инспекторите пред два дена утврдиле „лихварско однесување“ во „Дака“ и презеле контрола врз тој приватен синџир, а Мадуро потоа нареди тие продавници и складишта вчера да бидат отворени и стоките да се продаваат по „фер цени“.

„Не оставајте ништо на рафтовите. Не оставајте ништо во складиштата“, изјави Мадуро кој од средата најави строга контрола врз паричните трансакции. Тој нареди армијата да затвори продавници чии сопственици трупаат залихи на производи или шпекулираат со цени. Мадуро, кој ги обвинува богатите бизнисмени и политичките противници од десницата дека водат економска војна против него изјави дека „окупацијата“ на „Дака“ е само почеток на кампањата против шпекулантите ширум земјата.

Според локални медиуми, дури и противниците на Мадуро искажале симпатии за неговите последни мерки. Во наредниот месец во Венецуела ќе се одржат локални избори.