1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребна подобра координација на помошта без преседан

7 јануари 2005

Преку 5 милијарди долари досега се ветени за помош на настраданите региони од природната катастрофа во Југоисточна Азија. Хуманитарните напори доживеаа вистински бум на вчерашниот донаторски Самит во Џакарта .

https://p.dw.com/p/AcIO
Баросо вети 1,5 милиjaрди евра од името на ЕУ
Баросо вети 1,5 милиjaрди евра од името на ЕУФотографија: dpa

Еден ден по донаторскиот самит во индонезискиот главен град Џакарта , генералниот секретар на ОН Кофи Анан и претседателот на Светска Банка го посетија Аче најтешко погодениот регион од катастрофата со големите бранови цунами во Југоисточна Азија.

Бо оваа индонезиска провинција според последните информации во силниот земјотрес и ударот на цунамите кои беа предизвикани од него загинале преку 100 илјади луѓе, а половина милион останел без своите домови .

Според зборовите на лидерите на двете можеби најважни светски институции ,она што го виделе во Аче едноставно може да се опише со зборовите целосно уништување. Токму во Аче се фокусирани и најголемите напори за доставување на итната хуманитарна помош во рамките на најголемата хуманитарна операција во светото досега.

Од другастрана американскиот државен секретар Колин пауел денеска престојува во Шри Ланка уште една земја во регионот тешко погодена од катастрофата. Во рамките на оваа хуманитарна дипломатија , вчера во Џакарта , Кофи Анан на донаторскиот Самит го повика светот итно да испрати најмалку една милијаарда долари во погодените региони , за задоволување на основните потреби на преку пет милиони луѓе настрадани во ударот на цунамите.

“Знаеме дека најмалу половина милион луѓе се повредени , дека 1 милион останаа без своите домови , дека на два милиона им се итно неоходнивода за пиење , медицинска помош и животни намирници” – истакна Анан.

Најмалку 5 милијарди долари беа ветени од владите на земјите ширум светото, индивидуи и корпорации во одговорот без преседан. Еден од најголемите донатори е и европската Унија :

“Можеме да зборуваме за една целосна сума , во која е пресметана помошта дадена од интитуциите на ЕУ и земјите членки на Унијата , од околу 1,5 милијарди еура. Тоа ја покажува нашата солидарност со регионот и погодените земји”

-истакна вчера во Џакарта Жозе Мануел Баросо , шефот на Европската Комисија . Само германската влада притоа учествува во оваа сума со половина милијарда евра.

Сепак заеднички заклучок на Самитот во Џакарта беше дека повеќе треба да биде сторено пред се во координацијата на меѓународните хуманитарни напори.

Во рамките на меѓународната заедница се појави и темата за простување на долговите на земјите од погодениот регион , како еден од најдобрите начини за помош.

За тоа срамежливо се зборуваше и во Џакарта , но идејата која потекна од британската Влада , и натаму ја турка министерот за финансии на оваа земја Гордон Браун , кој вчера во Единбург истакна

“Прво што треба да направиме е историскиот чекор за целосно ослободување од долговите на задолжените сиромашни земји”-истакна Браун.

Светската здравсвена организација во меѓувреме ја соопшти најновата бројка на загинате во катастрофата: Најмалку 150 илјади , но како што истакнуваат во СЗО сеуште не и конечни.