1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребен е повеќе оптимизам

27 јануари 2005

Оптимистичка прогноза за растежот во Германија: барем така ја гледа оваа 2005 година германскиот министер за стопанство Волфгнаг Клемент.

https://p.dw.com/p/AePT

Сојузната влада проценува пораст на брутонационалниот производ во оваа година меѓу еден ипол о 2 порцента, со реални изгледи од 1,6. За министерот Клемент тоа е добра вест, зашто економскиот растеж се префрла и на домашниот пазар:

“Во Германија економијата повторно оди напред. Сега е потребно веќе договорените реформи бргу и консеквентно да се спроведат за сегашниот растеж да се претвори во долгорочен процес“.

Пораката на министерот е јасна: помалку негативна атмосфера, а повеќе дејствување. На прво место е пазарот за работа, а тежиште ќе биде битката против невработеноста на младите. На второ место е реформата на социјалните системи:

“Среднорочна цела на владата е намалување на трошоците за производство под 40 насто“.

Скоро 50 насто од вкупните давачки на сојузот во овој момент отпаѓаат на социјалата. Какви последици има тоа врз спојувањето на социјалната и на помошта при невработеност, ќе се знае најдоцна до март. Дали ќе биде префрлена границата од 5 милиони невработени? Министерот Клемент не беше во состојба да одговори:

“Не знам каква бројка ќе се појави идната недела, но сигурно ќе биде повисока од сите досегашни“.

За целата 2005 годишниот извештај предвидува невработеност од 4,53 милиони што значи зголемување за 150 илјади. Преголемата вредност на еврото и дебатата околу можна војна против Иран сигурно не придонесува за намалување на цените на нафтата. Многумина стопанственици сметаат дека прогнозата за пораст од 1,6 е превиска. Сојузот на германската индустрија предвидува 1 ипол насто.