1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребен е конструктивен дијалог власт - опозиција

Александар Чомовски10 ноември 2006

Извештајот на Европската комисија за Макеоднија е реален смета македонската минситерка за евроинтеграции. ЕУ амбасадорот Фуере повика на конструктиве дијалог.

https://p.dw.com/p/AdbB
Да не се блокира работата на парламентот
Да не се блокира работата на парламентотФотографија: aptn

Македонскиот претседател Бранко Цвенковски и премиерот Никола Груевски имаа политички консултации во чие средише биле и оценките на ЕУ. Влада подготвува специјална седница наредната недела, а не е исклучено и вонредно склучување на парламентот. Извештајот на ЕК реално и објективно ја опишува состојбата во Македонија.

Оваа прва јавна оценка ја осопшти вице премиерката за евроинтеграции Габриела Коневска Трајковска на парламентарната комисија за европски прашања. „Треба да донесеме 313 закони за што треба меѓусебно да ги отвориме сите прашања, да дискутираме, за конечно да донесме квалитет за граѓаните на Република Македонија. Во извештајот прецизно се наведуваат сите недоследности. Оттука и благодариме на Евроспката Комисја, која како и секогаш објективно и рално ја покажува состојбата во Република Македонија. “

Коневска Трајковска говореше откако евро амбасадорот Фуере пред дел од македонските парламентрци уште еднаш повика на конструктивен дијалог власт опозиција. Доволно да се испровоцира и да се видат острите разлики во албанско – албанските релации во Македонија, но и јазот меѓу опозициската Демократска унија за интеграции и владата.

И додека за евро министерката консензусот не е уцена туку напор да се најде компромис во политичките и еконосмките реформи во Македонија. Буџаку ДУИ со остро конфронтирање „Македонија не може да функционира ако не постои меѓуетнички консензус. Ако се суспендира Бадентеровото правило и се спречи надгласувањето на Албанците. “ рече Буџаку

Наспроти опозцииајта од ДУИ, владеачката Демократска партија на Албанците и Матоши велат: Оваа влада брзо и ефикасно продцира системски закони како што беше оној за полицијата. Но опозицијата ја опструира ефиканоста во парламентот. „ Наспроти претходната влаа,оваа имаше волја за брзо донесување на законот за полиција, забележано е во репликата Буџаку Матоши.

Дали е возможно СДСМ да одигра улога во релациите влада Демократска унија за интеграција, откако нема ефекти и од неодамнешното ракување Груевски Ахмети „Ние сме тука, ќе помогнеме ако треба, меѓутоа преку посредници таквите контакти обично се погрешни. Во нашата комуникација со ДУИ, која што е отворена, која што функционира и во македонското собрание, ние ги кажуваме нашите ставови, дека блокирање на работата во собранието, не е добра за никого, ниту пак за ДУИ. Апелиравме да се вратат во македонското собрание, и за среќа тоа и го сторија.“ одговори новиот лидер на СДСМ Радмила Шеќеринска

Европската унија на властите во Скопје им наметнува ефикасен дијалог и консензус околу спроведувањето на новиот закон за полиција, реформите во судството и решителната борба со корупцијата. Неопходно е ослободување на јавната администрација од политичкиот притисок, а државните службеници да градат кариера врз сопствени заслуги, а не врз партиска припадност им рече евро амбасадорот Фуере на дел од македонските парламентарци.