1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потврдена смртната пресуда против Садам Хусеин

27 декември 2006

Според одлуката на ирачкиот суд, Хусеин треба да биде обесен,Одлуката на судот треба да биде потпишана од претседателот Џалал Талабани и неговите двајца заменици.Извршувањето треба да биде во рок од 30 дена.

https://p.dw.com/p/AduZ
Најстрога казна за екс диктаторот
Најстрога казна за екс диктаторотФотографија: AP

Американската влада го поздрави потврдувањето на смртната казна за поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин.Одлуката на апелациониот суд во Багдад е камен темелник за развојот на Ирак,соопшти Белата куќа.Од Европа напротив стигнаа критички гласови.Италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д Алема ја повтори позицијата на европските држави кои стриктно одбиваат смртна казна.И организациите за човекови права апелираа до ирачкото раководство да не ја извршува пресудата.Според одлуката на ирачкиот суд,Садам Хусеин треба да биде обесен,Одлуката на судот треба да биде потпишана од претседателот Џалал Талабани и неговите двајца заменици.Извршувањето треба да биде во рок од 30 дена.

Се друго ќе беше чудо:како и што се очекуваше,апелациониот суд во Багдад ја потврди смртната пресуда за Садам Хусеин.Тој треба да биде обесен поради злосторства против човештвото.Владата треба да реши кога,рокот е 30 дена.Судот ги потврди и пресудите против сообвинетите.На 5 ноември Хусеин беше осуден на смрт.Обвинението:по обидот за атентат врз него во во селото Дуџаил на почетокот на осумдесеттите години Садам наредил убивање на 148 тамошни Шиити.

Иако апелациониот суд ја одби жалбата на Садам,сеуште не е јасно дали и кога ќе биде извршена смртната казна.Претседателот Џалал Талабани треба да ја потпише пресудата,тој порано се изјасни против смртната казна.Портпаролот на поранешната ирачка преодна влада,Хамид ал Кифеи смета:

-Постои далечна,теоретска можност претседателот да го помилува,тогаш казната нема да биде извршена.Но,не верувам дека претседателот ќе ризикува да му прости на Садам Хусеин.

Најголемиот дел Ирачани,пред се Шиитите,сакаат да го видат Садам на бесилка.Теоретски претседателот Талабани може да ја замени смртната казна за доживотен затвор,иако и тоа изгледа неверојатно.Премиерот Нури ал Малики,Шиит,неодамна јасно кажа дека го смета Садам за виновен,дека би сакал пресудата да биде извршена до крајот на оваа година.

Ирачките Курди досега бараа против Хусеин да бидат завршени сите постапки кои се покренати.Од есента е во тек процес во кој Садам и други ирачки екс политичари се обвинети за смртта на илјадници Курди.