Постојано расте бројот на жртвите во Бангладеш
20 ноември 2007Реклама
По налетот на циклонот „Сидр“ во Бангладеш, бројот на жртвите постојано расте. Властите соопштија дека до сега се регистрирани 3000 настрадани, но стравуваат дека ова не е конечниот биланс. Се уште илјадници луѓе се водат како исчезнати. Исто така и хуманитарните организации не можат да стигнат до сите настрадани подрачја. Германската влада повторно ја зголеми помошта за Бангладеш која сега изнесува 1 милион евра.