Постизборен конгрес на СДСМ во Битола
3 јули 2011Реклама
Конгрес на СДСМ во Битола СДСМ денеска се одржува постизборен Конгрес што е редовна постапка согласно Статутот на партијата. На 13. конгрес на СДСМ, во Центрот за култура во Битола, се очекува да пристигнат над 700 делегати од целата држава. Конгресот е закажан како епилог од Централениот одбор на партијата, кој се одржа на 16. јуни, каде покрај анализата за исходот од парламентарните избори беше најавено дека претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски останува лидер на партијата.
Автор: ТТ/СН/макфакс
Редактор: Симе Недевски