1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна шанса за македонските кошаркари

БГ/миа9 септември 2013

Синоќешните победи на Литванија и Србија ја оставија Македонија во игра за следната фаза на Европското Првенство во кошарка во Словенија. На Македонија и е потребна победа од најмалку 10 разлика против Летонија

https://p.dw.com/p/19e4A
Фотографија: Samuel Kubani/AFP/Getty Images

Репрезентациите на Србија и на Литванија ги победија Летонија, односно Црна Гора и со тоа и оставија надеж на

Македонија дека може да се пласира во вториот круг на Евробаскетот во Словенија. Синоќа во Јесенице Литванија по продолжение од пет минути ја совлада Црна Гора со 77:70 за трета победа и дефинитивна елиминација на Црна Гора од следната фаза. Претходно Србија славеше против Летонија со 80:71 и стана првата селекција од групата Б која има сигурно учество во следниот круг.

За тоа да се случи и со Македонија потребно е денеска во последното 5.коло од првата групна фаза да се победи Летонија со 10 или повеќе поени разлика, Литванија да биде поуспешна од Босна и Херцеговина, а Србија да ја совлада

Црна Гора. На табелата водат Србија и Литванија, имаат три победи и по еден пораз, Летонија и БиХ се со биланс од по две победи и две загубени средби, додека Македонија и Црна Гора досега остварија по една победа и три порази.

Македонските кошаркари во досегашниот тек од првенството загубија од Црна Гора, Литванија и Босна и Херцеговина, додека единствената победа беше извојувана во дуелот против Србија.