1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна шанса за испитот по демократија

12 јуни 2008

Последен апел на меѓународната заедница- прегласувањето за парламентарните избори во Македонија в недела мора да биде фер и демократско. Во спротивно Македонија ќе падне на испитот по демократија.

https://p.dw.com/p/EId9
Евроамбасадорот Фуере при поранешна средба со министерката Коневска ТрајковскаФотографија: Macedonian Information Agency

Последното предупредување го упати амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.

Ова е последна шанса Македонија да го покаже својот капацитет да организира избори без насилство. Политичките лидери мораат да сватат дека секој акт на насилство, нарушување или испукан куршум е напад на демократската определба на Македонија и нејзината иднина, предупреди амбасадорот Фуере, кој се сретна со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.