1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна седница на Синодот на МПЦ за 2006

Горан Петрески22 декември 2006

На последната синодска седница во 2006, владиците прават ретроспектива на годината што изминува. Се одредува позицијата на Македонската црква во православието, се сумираат резултатите, се дефинираат приоритетите.

https://p.dw.com/p/AdaF
Икона
Икона

Синодот ќе заседава два дена, Седницата што почна вчера, продолжува денеска. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј на паузата изјави дека Синодот прави се’ за афирмација на МПЦ но признава оти владиците не се најзадоволни од постигнатите резултати. „За некои прашања оди напред, за други стои во место, за некои можеби е и назад, но тоа е живот. Не може се што се планира да се реализира во идеална смисла. Се трудат сите архиереи колку можат, некој повеќе некој помалку, да придонесат за доброто на МПЦ и за афирмација на нашата света црква“.

2007 е јубилејна година за МПЦ. Одбележува 40 години од обновувањето на нејзината афтокефалност. Во знак на јубилејот се позиционирани и приоритетите за в година. „Приоритетно би било да се потврдиме и во издавачката дејност на богослужбениот елемент на МПЦ, да се издадат сите богослужбени книги во Македонија од страна на Светиот архиерејски синод на МПЦ, за да не се користат повеќе изданија на Руската, Украинската, Српската или Бугарската црква бидејќи до овој момент со чест на исклучоци, односно на помали книги се ползуваа богослужбени книги на овие цркви“.

Пред МПЦ остануваат уште низа нерешени прашања. Како еден од клучните проблеми и во годината што претстои се наметнува односот со Српската црква. Засега на повидок нема решение за спорот што двете цркви го водат со години. Српската црква не го признава името и афтокефалниот статус на Македонската црква. Засега нема одговор на писмото што минатиот месец архиепископот Стефан му го испрати на патријархот Павле, во кое МПЦ иницира дијалог за помирување со Српската црква.