1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна седница на Комсијата за човекови права

27 март 2006

Комисјата за човекови права на ОН денеска се состанува за последен пат, за по 60 години работа да се распушти.

https://p.dw.com/p/Ae2o
Комисијата за човекови права
Комисијата за човекови праваФотографија: AP

Во Женева имаше уште неколку жешки дебати за прашањето што треба да прави Комисијата за човекови права на својата последна седница, откако претходно во ОН во Њујорк се донесе одлука за нејзиниот наследник, Советот за човекови права. Одлуката лежи кај надредениот гремиум на комисјата, на еконосмкиот и социјалниот совет Екосок, кој преку резолуција ја отпушти и побара комисјата самата да се распушти, брзо и безболно. Целиот процес не би смеел да трае повеќе од еден до два дена, вели Хозе Диаз, портпарол на високиот комесар за човекови права „Мислам дека ќе се ограничат на понеделник попладне. Ако има многу говори, можеби уште вторник претпладне. Комисјата мора да усвои и резолуција во која ќе стои дека е минато.“

Невообичаен и неспектакуларен крај за ова тело на ОН, кое постоеше 60 години, и кое беше формирано со големи очекувања. Но неговиот имиџ во полседниве години стануваше се полош. Држави, кои самите делумно во голема мера ги повредуваа човековите права, беа членови на комисјата, не поради тоа што стравуваа за својата работа. Отпорот против овој состав од страна на САД и ЕУ стануваше се послаб.

Сепак, поради неславниот крај на полседната седница на комсијата нема да се чујат само лоши зборови „Комсијата исто така пружи многу важна работа. Сметам дека високиот комесар ќе ги пофали најважните достигнувања. Исто како и претставниците на регионалните групи и невладините организиации, за кои комисијата секогаш претставуваше важен форум.“

Важен инструмент кој го создаде Комсијата се специјалните пратеници, кои целно посетуваа земји за да испитуваат состојби како измачување или да соберат информации, кои служат како основа за формулирање на стандарди како на пример правото на образование. Нивните извештаи ќе му бидат претставени и на новиот Совет за човекови прва, кој со работа ќе почне на 19 јуни „Имаше критика за конструкцијата на овој Совет но мислам дека тој може да стане навистина силна меѓународна институција за човекови права - како што порано беше комисијата.“

Првиот тест Советот ќе треба да го положи уште во мај: имено тогаш ќе се избираат новите членови. Притоа ќе се покаже дали новите механизми гарантираат подобар состав.