1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последната шанса на Ердоган

Баха Гингер / Александра Трајковска6 јуни 2013

Турскиот премиер конечно треба да се обиде да воспостави дијалог со протестното движење и да ја искористи можноста да отстапи од својата погрешна политика на покажување сила, оценува Баха Гингер во својот коментар.

https://p.dw.com/p/18l2z
Фотографија: Reuters

Пред да замине на повеќедневната турнеја во Мароко, Тунис и Алжир, Реџеп Таип Ердоган жестоко ги критикуваше опозиционерите и ја исклучи можноста да попушти. Напротив, премиерот дури им се закани на своите противници: рече дека вложувал големи напори да го одврати половина од турското население да излезе на улиците - алудирајќи со тоа на речиси 50 проценти од граѓаните со право на глас, кои на неговата религиозна Партија на праведност и развој (АКП) и‘ овозможија апсолутно мнозинство во парламентот.

Токму на оваа точка се надоврза претседателот Абдула Ѓул при неговите напори за ја смири ситуацијата: демократијата не се состои само од изборни победи, рече Ѓул. По разговорот со претседателот, и заменикот на Ердоган, Булент Аринч, соопшти дека преострото постапување на полицијата при акција против заштитниците на животната средина изминатиот викенд во Истанбул била причината за ескалацијата.

Истовремено Аринч се извини кај демонстрантите кои мирно протестираа и кои првично се залагаа за спас на малиот парк на централниот истанбулски плоштад Таксим од амбиционзиот, но не неопходен престижен градежен проект. Извинување, кое опозициониерите го очекуваа од Ердоган лично, но кој поради гордост не беше подготвен на тоа.

Ердоган ја ризикува својата веродостојност

Можеби тоа ќе се смени по враќањето на Ердоган од Северна Африка. Ноќта кон четврток за исламскиот свет е света ноќ - таа ноќ за верниците пророкот Мухамед се искачи кај алах, кај господ и се врати повторно на земјата со неговите мировни пораки. Сурите во Коранот кои ги ширеше Мохамед и обврската за молитва оттогаш беа поврзани со милосрдноста на Алах, кој освен бунтот кон него како создател, беше подготвен да ги прости сите гревови.

Baha Güngör: Leiter der Türkischen Redaktion
Баха Гингер, автор на коментаротФотографија: DW / Baha Güngör

Ердоган не е создател, не е пророк и не се вознесол на небото, туку отиде на земско патување во странство. Сепак, би требало да ја искористи длабоката вера на муслиманите и да се обиде да направи пресврт, да се одврати од досегашната непопусливост против оние кои мислат поинаку, против непријатните медиуми и против неговите критичари во турското општество. Тоа е последна шанса на Ердоган да се одврати од неговата погрешна политика на покажување сила.

Опозицискиот фронт со сигурност мирно ќе реагира на тоа. Веројатно и натаму ќе ги има и оние кои предизвикуваат хаос и ќе провоцираат судири со полицијата. Но тие веќе не смеат да ги претставуваат сите мирољубиви протовници и критичари на Ердоган. Исто така и турската полиција треба да се извини за своите постапки кои не се во согласност со прописите на правната држава и во даден случај да се реформира персонално или организаторски. За тоа од особено значење е да се повикаат на одговорност одговорните за бруталноста против учесниците на демонстрациите ширум земјата. Ердоган не би требало да се воздржува дури ниту од отпуштање на сопствениот министер за внатрешни работи.

Доколку не го стори тоа, ја ризикува и сопствената веродостојност како муслиман верник. Другите световни носители на должност, како претседателот или вицепремиерот, пред очи го имаат пресвртот, а Ердоган, доколку тврдоглаво не попушта, ќе ги прекрши конечно и мировните заповеди на пророкот Мохамед, кој според Коранот, светата книга на муслиманите, ја објави и ја проповедаше божјата милост.