Португалија со најнизок кредитен рејтинг
6 јули 2011Реклама
И покрај растечката критика за американските рејтинг агенции во европската должничка криза, агенцијата Мудис го намали рејтингот на Португалија за четири степени. Постои голем ризик, на владата во Лисабон да и’ биде потребен втор финсиски пакет за спас, се вели во образложението. Во моментов државите од евро-зоната и ММФ гарантираат со околу 78 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја критикуваше улогата на рејтинг агенциите.
Автор: АТ/БГ/дв
Редактор: Горан Чутаноски