Португалија и официјално го презема претседателство со ЕУ
1 јули 2007Реклама
Португалија од денеска и официјално е претседавач со ЕУ. На агендата на новите претседавачи се успешно привршување на преговорите за идното уредување на Унијата, развој на стратешко партнерство со Африка како и зголемување на соработката меѓу ЕУ и Бразил. Како симболичен акт германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер вчера пред Бранденбуршката капија изврши примопредавање на претседателството со португалскиот колега Луис Амадо.