Португалија – ЕУ – Македонија
6 јули 2007Реклама
Актуелниот претседавач со Министерскиот Совет на ЕУ, португалскиот министер за надворешни работи Луис Амадо денеска се очекува во еднодневна посета на Македонија. Главни теми на разговорите со македонското раководство се очекува да бидат предизвиците за Унијата во тековните шест месеци од португалското претседателство, како и перспективите на Македонија за приближување кон ЕУ. Исто така ќе стане збор и за отворените прашања во регионот на Западниот Балкан, како и за билатералните односи меѓу Македонија и Португалија.