Поројни дождови и поплави во Грција
18 ноември 2007Реклама
По поројните дождови и поплави евакуирани се жителите на неколку села во североисточна Грција, а села на полуостровот Пелопонез останаа отсечени, поради уривање на еден мост. Во области на турско грчката граница е воведена и вонредна состојба. Во лошото време кое во последниве денови ја зафати земјата се оштетени околу 400 куќи. Поради одрони на земјиштето има проблеми и во патничкиот сообраќај. Невремето во Северна Грција предизвика и неколкучасовен прекин на струјата. Метереолозите предвидуваат дождот да паѓа и во следните денови.