Порасна бројот загинати во сообраќајката во Албанија
22 мај 2012Доцна синоќа во Воената болница во Тирана почина една од тешко повредените студентки, а денеска во остатоците од уништениот автобус е пронајдено тело на уште една жртва.
Во тешка состојба, според лекарите од болницата, се уште три девојки, кои се во кома. Девет од поврдените се во одделот за интензивна нега, додека другите се во добра здравствена состојба.
Студентка која беше префрлена на лекување во Американската болница во Тирана изјави дека возачот не конзумирал алкохол и не покажувал знаци на замореност или здравствени проблеми.
Педесет и шестгодишниот возач, кој загина во несреќата, имал десет годишно искуство, а претходно бил спортист.
Со одлука на албанската влада денес воАлбанија е ден на национална жалост. На сите државни инситуции и јавни установи националното знаме е спуштено на половина копје.