1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поранешниот претседател Самфан уапсен

19 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIno

Поранешниот претседател на Камбоџа во времето на режимот на Црвените кмери, Ки Самфан упасен е од трибуналот кој треба да ги разгледува злосторствата сторени во периодот на режимот на Црвените кмери. 76 годишниот Ки Самфан претходно беше отпуштен од болница во Пном Пен. Судот формиран мината година ќе ги разгледува злосторствата сторени во периодот од 1975 до 1979 година. За време на режимот на Црвените кмери според проценките убиени се 1,7 милиони луѓе.