1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораз од Грција

17 јануари 2012

На вториот натпревар на Европското првенство во ватерполо, што се одржува во холандскиот град Ајндховен, репрезентацијата на Македонија загуби од Грција со 10:6.

https://p.dw.com/p/13kvJ
Фотографија: DW

Во текот на целиот денешен (17.01.2012) натпревар од второто коло во групата А на ЕП во ватерполо, грчката репрезентација беше во предност. Полувремето заврши со 5:1 во нивна полза, а македонскиот тим првиот гол го постигна во втората четвртина.
Грчката екипа забележа пад во играта во текот на третата четвртина кога успеа да постигне само еден гол. Четвртата четвртина беше најдобра за ватерполистите на Македонија, односно за осум минути успеаjа да постигнат три гола и да ја намалат разликата пред крајот на дуелот.
Екипата на Грција постигна четири гола од пенал и шест од игра. Најефикасен играч во македонскиот состав беше Саша Мишиќ со постигнати 2 гола од игра.
Утре е слободен ден за македонската селекција. В четврток во Ајндховен, репрезентацијата на Македонија ќе одигра со олимпискиот шампион Унгарија, по што следуваат Италија и домаќинот Холандија.
Во првото коло вчера, репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Турција со 16:4.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж. Ацеска