1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораз на Македонија, Германија во полуфинале

9 декември 2008

Македонските ракометарки беа поразени од светскиот шампион Русија со убедливи 24:43. Германките остануваат непоразени на ЕП во Македонија. Победата против Шведска од 33:22 им донесе пласман во полуфиналето.

https://p.dw.com/p/GC8y
Германките влегуваат во ритамФотографија: Petr Stojanovski

Во последниот вчерашен натпревар, од групата 2, репрезентацијата на Хрватска ја надигра Белорусија и славеше со 8 голови разлика (43:35).

Денеска на Европското првенство во ракомет за жени се играат натпреварите од групата 1.

Во Охрид најнапред се среќаваат репрезентациите на Унгарија и на Романија, потоа силите ќе ги одмерат Романија и Шпанија, а последен меч на денешната програма на шампионатот е скандинавскиот дуел меѓу Норвешка и Данска.