1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попречувања во истрагата за корупција во Турција

Александар Методијев/ројтерс/афп26 декември 2013

Турскиот јавен обвинител денеска информираше дека е отстранет од истрагата за корупцискиот скандал во Турција и дека таа е попречувана од страна на полицијата. Муамер Акаш обвини за притисок врз судството.

https://p.dw.com/p/1AhCR
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Моите колеги и јавноста треба да бидат свесни дека јас, како јавен обвинител, бев спречен во спроведувањето на истрагата“, изјави Муамер Акаш. „Денеска дознав дека сум отстранет без да се наведе некаква причина“.

Неговата изјава следува ден откако медиумите објавија дека тој побарал притвор за 30 осомничени лица. Истрагата за измама и корупција беше спроведена и врз поранешни министри и врвни бизнисмени, што нанесе нов удар врз кабинетот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

„Јас открив дека одлуката за притвор не е спроведена“, информираше денеска Акаш. „Под полициска сила, судството е предмет на отворен притисок, па извршувањето на судските наредби беше попречено, додава јавниот обвинител во изјавата доставена до турските медиуми. Тој тврди дека на осомничените на тој начин им било дозволено да побегнат и да влијаат врз менување на доказите. Сепак Акаш не именуваше никого со име.

Истанбулскиот главен јавен обвинител, Турхан Чолакади, изјави дека неговиот колега бил отстранет од работа поради протекување на информации во медиумите и затоа што навремено не го ажурирал случајот. Според Чоклади, Акаш самиот ја попречувал истрагата во корупцискиот случај и дека затоа е отстранет од работната задача.