1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поправка на жичница на огромна висина

Клаудија Фогелман / Александар Методијев30 ноември 2012

Еднаш годишно жичницата крај Руполдинг во баварските Алпи, од која застанува здивот, мора технички да биде проверена. Овојпат ќе се менуваат 1650 метри од сајлата на која се движат гондолите.

https://p.dw.com/p/16nzJ

Тоа е работа меѓу небото и земјата. Затоа пристигнаа експерти од Јужен Тирол. Тие со сајла се заврзаа за гондолата за да ги осигураат таканаречените „мостови со сајли“ на планинската падина. Затоа Кристијан Нидеркофер најпрво се спушта надолу кон ридот.

„Проценувам дека има околу 30 метри на кои треба да се постават сајли. Долу правиме рамна површина, започнуваме со тркалање и ги закачуваме. Така осигуруваме дека се’ е стабилно, кога сајлата ќе дојде одозгора“, објаснува Кристијан Ниедеркофер, монтер на сајли за жичница.

Totalausfall von Seilbahn am Brauneck
Поправките ќе завршат пред БожиќФотографија: picture-alliance/dpa

Потоа гондолата ги носи луѓето и материјалот нагоре кон место за поддршка на жичницата. Техничарите го проверуваат местото на коешто подоцна ќе ја заменат изабената сајла.

Тоа беше се’ за денеска. Дел од алатите се оставаат на местото на кое се работи, бидејќи таму горе ништо не може да биде украдено. За многумина таквото работно место е чист адреналин, а за експертите е рутина.

„Го работам ова со задоволство“, вели Кристијан Нидеркофер.

200.000 евра чини одржувањето на жичарницата. Таа на 25 декември повторно ќе биде ставена во погон. Тогаш гондолите ќе ги донесат првите гости, кои сакаат да го минат Божиќ на врвовите на Алпите.