Попоски се сретнал со Димас
23 март 2012Повеќе детали за кажаното на средбата нема, јавува агенцијата МИА. Попоски, кој во Брисел престојува до недела (25.03), вчера на покана на високата преставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата и земјите кандидати.
На состанокот, меѓу другото, се дискутирало за актуелните прашања од надворешната политика на ЕУ.
Најавено е дека денеска Попоски ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Шпанија Хозе Гарсија Марфил, на Кипар - Ерато Маркулис и на Србија - Вук Јеремиќ, како и со советникот во Европската служба за надворешна акција и олеснувач во дијалогот меѓу Белград и Приштина - Роберт Купер.
На агендата на министерот е и церемонијата по повод пристапување на Македонија во механзмот и финасискиот инструмент за цивилна заштита на Европската унија, која е организирана од страна на Европската комисија. На церемонијата ќе учествува комесарот Кристалина Георгиева, одговорна за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Предвидено е министерот Поповски и комесарот Георгиева да одржат и билатерална средба на која ќе стане збор за соработка во областите од нејзината надлежност како и за европската интеграција на Република Македонија.