1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Решението за спорот за името е неизбежно

23 септември 2011

По средбите со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, македонскиот политички врв искажа волја за конструктивност и активност во разговорите за името

https://p.dw.com/p/12f3S
Никола ПопоскиФотографија: DW/Silvera Padori

Со активно и конструктивно учество во процесот на решавање на спорот со името решението е неизбежно, изјави шефот на дипломатијата Никола Попоски по вчерашната средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот во македонско-грчкиот спор, Метју Нимиц.

Токму волја за конструктивно и активно учество во разговорите од македонска страна била искажана на средбата. Според Попоски, важно е да се поддржи позитивен пристап во процесот.

„Сметаме дека е многу битно да се поддржи еден позитивен пристап, една транспарентност. Во тој дух многу ќе ни се помогне и ќе ни се олесни ситуацијата за да се надминат некои пречки кои ни се наметнати, а не се реални. Ние мораме да пристапиме со оптимизам, тоа е во интерес на нашите стратешки интереси“, изјави Попоски.

Treffen des Mazedonischen Ministerpräsidenten, Nikola Gruevski mit dem Herrn Mathew Nimitz
Метју Нимиц и Никола Груевски во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Шефот на дипломатијата, исто така, посочи дека медијаторот Нимиц има отворена покана да го посети Скопје. Средбата на Нимиц со Груевски, одржана на маргините на 66-то Генерално

Собрание на Обединетите Нации следува по двете одвоени средби на медијаторот со шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Попоски и Ставрос Ламбринидис. Според информации во македонските медиуми, средбата на Груевски и Нимиц траела невообичаено долго.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Жана Ацеска